Писонеро: Жалиме за неупотребата на уставното име од политичкото раководство на Северна Македонија

Употребата на уставното име на Северна Македонија е нешто што е договорено во контекст на Договорот од Преспа, изјави портпаролката на Европската Комисијата за соседска политика и проширување Ана Писонеро на денешниот брифинг на Европската комисија во Брисел.

На новинарско прашање дали Комисијата знае дека некои македонски политичари не го користат уставното име и каква е нејзината реакција, Ана Писонеро рече дека ЕУ изразува жалење.

-Веќе кажавме дека жалиме за некористењето на некои од македонските лидери на уставното име на Македонија, тоа е нешто што е договорено во Преспанскиот договор и јасно е дека сите страни треба да ги почитуваат одредбите од договорот и да ги спроведуваат со добра волја. Тоа имаме да го кажеме. Од наша страна, му честитавме на премиерот Мицкоски и на новите министри по формирањето на коалициската влада во Северна Македонија. ЕУ тесно ќе соработува со новата влада за да постигне напредок во значајните реформи и да го унапреди патот на Северна Македонија кон ЕУ, мислам дека пораката е јасна, додаде таа.

Портпаролката посочи дека „Северна Македонија мора максимално да го искористи моментумот што постои за проширувањето за да продолжи одлучно на својот пат кон ЕУ. Сите добро знаете дека Европскиот совет јасно кажа што очекува од Северна Македонија. И очигледно ова е поврзано и со уставните амандмани што Северна Македонија суштински се обврза да ги направи за да може да оди напред на својот пат кон Европската Унија.

Вчера јасна порака до новото раководство на државава дека предуслов за европскиот пат на Северна Македонија е почитувањето на Договорот од Преспа, испрати на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел .

Интервенцијата на Борел се случи по брифингот на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис пред Советот на министри за надворешни работи на ЕУ за последните предизвици на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

-Принципот пацта сунт серванда (она што е договорено мора да се почитува) е предуслов за европската перспектива на Западен Балкан, појасни Жосеп Борел во своите изјави.

Предходно шефот на грчката дипломатија во Советот на министри го истакна „деликвентното однесување на Скопје од изборите и укажа на јасното толкување на Договорот од Преспа, кое важи за сите (ерга омнес)“, пишуваат грчките медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Претходна вестБугарско МНР: Покренувањето идеи за повторно преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само ќе доведе до дополнително оддалечување
Следна вестОсуденик до смрт претепал друг осуденик во затворот во Идризово