Home АКТУЕЛНО Барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромотирачки видеа, ќе добие пријава

Барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромотирачки видеа, ќе добие пријава

0
Барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромотирачки видеа, ќе добие пријава

Скопјанец е приведен населбата Ченто поради уцена, соопшти полицијата.

На 25 јуни, 20-годишна девојка пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.

-На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода, објави МВР.

Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.