Три лица искасани од бездомни кучиња во Центар, Кисела Вода и Карпош

Три лица се искасани од бездомни кучиња во три одвоени напади во скопски општини, соопшти полицијата.

В.Н. (43) на 26.06.2024 во 17.40 часот пријавил во Полициска станица Центар дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

-Еден час подоцна, во 18:30 часот, П.Ч. (64) пријавила во Полициската станица Кисела Вода дека и таа била нападната од куче скитник на улицата „Пржино“, додека пак во 22:45 часот, М.П. (21) пријавила во Полициската станица Карпош дека била касната од куче скитник додека се движела по улицата „Шекспирова“, соопшти МВР.

 

 

 

Претходна вестБугарскиот премиер ќе ги потсети европските лидери кои се условите за прием на Македонија во ЕУ
Следна вестСпасувачка акција во охридско, извлечен странски турист кој се повредил на непристапен терен