Женската младинска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Кина со 25:23 во последниот меч на Светското првенство во Скопје.
Ова значеше дека нашата селекција го завршува шампионатот на 16 место. Гостинките од Кина клучната предност ја направија во вториот дел кога одиграа подобро на двете страни од теренот од избраничките на Јанев.
Севкупно Македонија на СП одигра седум натпревари на кои забележа две победи против САД и Ангола.