Н:
Град Скопје го доби признанието Европска диплома, кое го доделува Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур, како награда за промовирањето на европскиот идеал и исклучителна меѓународна соработка и активности. Европската диплома во Палатата на Европа во Стразбур, се доделува од 1955 година и од нејзиното отпочнување до денес, градот Скопје е прва општина од Македонија која го добива ова признание.
Европската Диплома и беше доделена на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како признание за особена активност во промовирањето на Европскиот идеал и вредности. Тоа што ја издвои нашата апликација од стотиците кои ги оценува и избира Парламентарното Собрание на Советот на Европа се многубројните проекти со збратимените градови, активностите со европските градови, соработката и партнерства кои вклучуваат размени во образованието, младинска работа и културни активности. Бројните Европски настани вклучуваат учество во Европската недела на локална демократија, учеството во меѓународните хуманитарни акции како одраз на солидарност и членството во европските и меѓународни организации.