Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб откако викендов беше симнато од група албански државјани. На Инстаграм профилот мк.пиреј е објавена снимка од промената на знамињата.
Албанскиот државјанин Изет Шулку и неговото друштво викендов од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.
Министерството за внатрешни работи (МВР) утврдило дека се работи за лице кое не е државјанин на Северна Македонија и соопшти дека ќе информира за преземените дополнителни мерки за расчистување на овој случај.