Една жена е повредена денеска попладне по уривањето на високо дрво на булеварот „Свети Климент Охридски“ во централното скопско подрачје. ТВ 21 објави снимка од местото на настанот на која се гледа како поголем број на граѓани и екипата на Итна медицинска помош помагата во пренесувањето на повредената жена.
До уривањето на големото стебло во непосредна близина на Европскиот универзитет дојде како последица од силниот ветер кој почна да дува околу 14 часот во Скопската котлина.
Забележани се и неколколку други дрва паднати во останати делови од градот. Во населбата Пролет една паднато дрво оштети паркиран автомобил. ЈСП „Скопје“ соопшти дека е прекинато работењето на жичницата на Водно бидејќи јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.
УХМР денеска објави апел до граѓаните за внимание во одредени региони и реони по најавите за врнежи на целата територија од државата.
Фото: Принтскрин ТВ 21