На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. УВ=7
Утринската температура се движеше од 11 до 19 степени, а дневната ќе биде од 20 до 32 степена.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура утринава изнесуваше 18 степени, а дневната ќе достигне 28 степени.