Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, денеска во Дојран реализираат активности од летната кампања „За безбедно лето“.
Кампањата се реализира со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку подигање на свеста кај македонските и кај странските учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на високите летни температури, заморот, неприлагодената брзина и конзумирањето алкохол врз способноста за управување со моторно возило.
Во рамки на летната кампања „За безбедно лето“ се реализира кампања под мотото „Вози одморен“. Во рамки на оваа кампања се спроведуваат превентивно-едукативни активности и се дели рекламен материјал, вода и безалкохолни пијалоци.
*
-Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да возат одморени, на секои 2 часа да прават паузи од околу 15 минути, да не возат уморни и под дејство на алкохол, и да консумираат повеќе безалкохолни пијалоци. Возете одморени, возете безбедно! Да ја подобриме безбедноста на сообраќајот на патиштата, апелира РСБСП.