Филипче: Згрешивме со измените на Кривичниот законик

Згрешивме со измените на Кривичниот законик, изјави на денешниот брифинг со новинари Венко Филипче, лидер на опозициската СДСМ. Тој рече дека тоа јасно го виделе во текот на изборната кампања.

-Тоа ни стана јасно за време на изборната кампања, на средбите со граѓаните и потоа од  резултатите на изборите, увидовме дека сме направиле грешка со измените кои ги предложивме и изгласавме во Собранието, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ има подготвено нов законик кој е во Владата.

– Има Кривичен законик во Министерството за правда изработен во 2017 година кога министерка беше Рената Десковска. Предлагам до Владата да се донесе тој закон и да се поправи грешката што ја направивме, рече Филипче.

Тој не знаеше да каже зошто кога веќе имало нов закон од 2017а не се донел, туку се предложија и изгласаа сосема нови измени .

Филипче на брифингот се осврна и на 30 дена власт на ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи дека новата влада имала многу лош старт. Тој рече дека е завршена стабилизација на СДСМ.

-СДСМ е подигната на нозе и функционална, активна во политичкиот простор и со тоа би рекол првата фаза на стабилизација е целосно завршена. Започнуваме подготовка на целосно нова стратегија и таканаречен „Блупринт за социјадемократија“ Овој документ ќе биде новата идеолошка и политичка стратегија за ребрендирање и модернизација на СДСМ. Со него ќе направиме реафирмација на социјадемократските вредности прилагодени на новото време земајќи ги предвид секако новите политики кои што ќе ги презентираме на еден инклузивен начин, со широка платформа во која што беа вклучени многу фактори што ги делат нашите вредности, истакна Филипче.

Тој ги демантираше шпекулциите дека потполно ќе се повлече од работата како лекар и професор.

-Неделно 15 часа вкупно ќе бидам на клиника, за работата со пациенти но и во делот со студентите, ќе држам испити, изјави Филипче

Претходна вестОд понеделник почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром
Следна вестТројца полицајци незаконски пукале со автоматска пушка, МВР им испрати кривични пријави