Трајанов именуван за координатор за борба против тероризам, Грчева ќе го реформира високото образование, Котлар ќе раководи со Државниот архив…

Владата на вчерашната седница донесе повеќе одлуки и препораки, меѓу кои и назначувањето на нови лица и директори на повеќе институции и координаторски позиции, под капата на централната власт.

1.Хасим Муртезани е именуван за заменик на Генералниот секретар на Владата на РСМ

2.Павле Трајанов е именуван за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

3.Блерант Рамадани е именуван за Национален координатор за примена на нови технологии.

4.Солза Грчева е именувана за Национален координатор за реформи во високо образование.

5.Фатон Фазлиу е именуван за в.д. директор на Управата за водење на матични книги, орган во состав на Министерството за правда.

6.Африм Ќоку е именуван за в.д. директор на Државниот девизен инспекторат.

7.Арсим Идризи е именуван за в.д. директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.

8.Бехар Емини е именуван за в.д. директор на Фонд за осигурување на депозити.

9.Дејан Станков е именуван за в.д. директор на Државен завод за статистика

10.Афрона Вервизоли е именувана за в.д. главен ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

11.Неџмедин Садики на предлог на Министерот за енергетика, рударство и минерални суровини е именуван за в.д.  директор на Агенција за задолжителни нафтени резерви.

12.Маја Ковачева е именувана за в.д. заменик на директорот на Агенција за лекови и медицински средства.

13.Бејтула Камбери е именуван за в.д директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

14.Кујтим Ибиши е именуван за в.д. директор на Управата за финансиско разузнавање.

15.Башким Бакиу е именуван за в.д. директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје.

 

16.Маре Богева-Мицовска на предлог на министерот за финансии, е именувана за в.д. директор на Биро за јавни набавки.

17.Игор Лазаревски е именуван за директор на Управата за хидрометеоролошки работи.

18.Наташа Котлар е именувана за в.д. директор на Државен архив на РСМ

19.Димитар Богески е именуван за в.д. заменик на директорот на Државен архив на РСМ.

20.Наим Љамалари е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес

21.Иво Николов на предлог на членовите на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е именуван за претседател на Управниот одбор на Фонд за иновации и технолошки развој.

22.Никола Додов на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е избран за в.д. директор на  Фонд за иновации и технолошки развој.

23.Даниела Станковска Плачковска е именувана за в.д. директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија

24.Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ од должноста директор на ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ за в.д. директор да го избере-Ангеле Сотировски.

25.Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ за в.д. заменик на директорот да го избере-Мевлан Марина.

26.Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за водоснабдување „СТУДЕНЧИЦА” – Кичево од должноста вршител на должноста директор на ЈП за водоснабдување „СТУДЕНЧИЦА” – Кичево за в.д. директор да го избере-Александар Петрески.

27.Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие „СТРЕЖЕВО”-БИТОЛА од должноста директор на ЈП „СТРЕЖЕВО”-БИТОЛА за в.д. директор да ја избере-Вера Бешлиевска.

28.Владата да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие „СТРЕЖЕВО”-БИТОЛА од должноста заменик на директорот на ЈП „СТРЕЖЕВО”-БИТОЛА за в.д. директор да го избере-Сирија Рашиди.

29.На Наумче Мојсовски, му се утврди престанок на функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт согласно закон.

 

 

Претходна вестСе зголемува бројот на заболени од Ковид, најверојатно ќе се обнови забраната за посети во болници
Следна вестДенес сончево и многу топло, викендов нѐ очекува дожд и грмежи