Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 5 август до 9 август годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Град Скопје.

Претходна вестСлаб земјотрес почувствуван во источниот дел на Македонија
Следна вестНормализиран сообраќајот на патот Прилеп – Градско