Во јуни 185 одобренија за градење, најмногу нови станови во општините Аеродром и Бутел

Во јуни годинава се издадени 185 одобренија за градење, што е за 23,6  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Во Скопскиот регион се издадени 43 одобренија, од кои осум во  Општина Аеродром, по шест во Центар, Илинден и Петровец, пет во Чучер Сандево, три во Гази Баба, две во Бутел  и по едно одобрение во Сарај и во Шуто Оризари.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 400 станови со вкупна корисна површина од 35 505 метри квадратни. Најголем дел од становите, 242, се во Скопскиот регион, односно 89 се во Општина Аеродром, 82 во Општина Бутел, 52 во Општина Центар. Во Југозападниот регион ќе се градат 82 стана, од кои 80 се во Кичево, во Полошкиот 30, во Пелагонискиот 19…, покажуваат податоците на ДЗС.

За општините од Полошкиот регион се издадени 38 одобренија, Пелагонискиот 29, Вардарскиот 23, Источниот 20, Југоисточниот 14, Југозападниот 13, додека Североисточниот повторно е најмалку одобренија, односно издадени се само пет.

Претходна вестАД Пошта доби нови раководство, Орхан Куртиши генерален директор?
Следна вестПожарот на Галичица „проголта“ 6.500 хектари вегетација, на источниот дел е ставен под контрола, а на западниот се можни жаришта.