Темен режим Режим на светлина

Пет малолетни лица и еден возрасен поради обилниот снег се заглавени во село Рајчани, информира ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека шест лица се заглавени кај село Рајчани поради обилниот снег.

„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, велат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од општина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани, Доброволна спасителна служба Осогово од Кочани за координирање на активностите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Министерство за транспорт: ЈП Македонија пат ја следи состојбата на државните патишта

Следна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Обвинителството бара притвор за велешанец кој ја давел сопругата со која се разведува