Едно лице смртно застрелано на паркингот кај „Мавровка“

Едно лице е убиено во пукањето што се случило утринава на паркинг просторот кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Според првичните информации жртвата се наоѓала во автомобил марка „Пежо“ кога напаѓачот дошол до автомобилот, го отворил багажникот, извадил пакет и потоа го застрелал возачот.

На местото на настанот има бројни полициски екипи.

ТВ21 објави фотографија на која се гледа автомобилот од кој е пукано кај „Мавровка“ а кој е пронајден во Гази Баба и има белгиски регистарски таблички.

Синоќа синоќа околу 20.50 часот во населбата Ченто од возило во движење било пукано во друго возило. Во пукотницата едно лице беше повредено, потврди МВР.

Претходна вест19-годишно момче загина на рингишпилот во Пефкохори откако му се скрши столчето
Следна вестБаталјонот „Мирче Ацев“ тргна од Славеј планина и со херојство покажа дека македонскиот народ ја сака слободата и сопствената држава