Полиција во Босна застрела мигрант кој отвори оган врз полицајци од напуштена куќа во близина на градот Требиње кој се наоѓа во Република Српска. Од тамошната полиција посочија дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време.
Полицијата и жандармеријата вчера го опколија селото Зови До, каде засега непознато лице пукало од огнено оружје. Нема повредени полицајци, пренесе БТА.
Жителите на селото изјавиле дека лицето вчера рано утрото фрлило експлозивна направа врз локален жител. Нема информации за повредени.