Македонија последниве години се изначека конечно да бидат завршени некои сообраќајни делници кои се прават предолго. Веќе легендарна стана (не)изградбата на делницата Кичево – Охрид. А многу влечкање има и на новопредвидениот експресен пат Градско – Дреново – Прилеп.
За време на изборната кампања оптимистичките најави даваше тогашната власт за патот кон градот на тутунот. Тогашните министри од СДСМ Благој Бочварски и Венко Филипче се возеа со автомобил снимајќи предизборни спотови во кои нагласуваа дека експресниот пат наскоро ќе биде завршен оти останало само уште 10-20 проценти од предвидените работи.
Македонија и пред една недела слушна, овој пат од новиот министер за транспорт Александар Николоски дека патниот правец Градско – Прилеп ќе биде готов до крајот на годината.
„Ќе биде завршен до крајот на годинава…“, „Следната година ќе се возиме по новиот пат..“, „Првата делница е завршена 95 проценти, а втората 85 отсто…“, сето ова се најави на државните функционери врзани за изградбата на експресниот пат Градско –Дреново – Прилеп истакна вчера и директорот на Државните патишта Коце Трајановски.
Ќе биде ли така? Претходната власт многу ветуваше, ама…
Колку за потсетување, се работи за патниот правец кој почна да се гради во 2018 и чија прва делница од Градско до Дреново долга 16 километри требаше да биде завршена до крајот на 2020 година…