Кузеска: Началникот Наим Рамука, а не раководителот на смена е тој што одобрил незаконско поминување на граница на поворката на Гаши

Раководителот на смената на граничниот премин Блаце не е одговорен за скандалот со поминувањето на свадбената поворка на собранискиот претседател Африм Гаши, соопштија денеска од СДСМ.

Најголемата опозициска партија на прес-конференцијата информира дека министерот Панче Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат одговорност да му ја натоварат на раководителот на смена но тој не е човек кој дал наредба да бидат пропуштени Гаши и сватовите без контрола.

-Според нашите информации, наредбата ја издал новоназначениот началник на Центарот за гранични работи Север, Наим Рамука. Согласно информациите кои ги добивме, еден час пред да поминат Гаши и сватовите, Наим Рамука заради наводна контрола, дошол на граничниот премин. Во суштина Рамука дошол за да го обезбеди поминувањето без контрола на Гаши сватовите. Наим Рамука е човекот кој одобрил ваков излез од државата, а потоа и влез при враќање на поворката. Не човекот кој го обивнува Тошковски, раководителот на смена на Блаце, туку Рамука кој токму Тошковски го поставил за Началник на Центарот за гранични работи Север, кажа Богданка Кузеска, партиски портпарол.

Од СДСМ прашуваат зошто Тошковски сака да го заштити Наим Рамука и го „мести” раководителот на смена?

-Дали Тошковски повторно ќе се обиде да излаже и да го заштити својот нов началник на сметка на чесни луѓе кои си ја работат работата? До кога ќе траат лагите на МВР и ВМРО-ДПМНЕ? Ќе си поднесе ли конечно Тошковски оставка? Ова е голем скандал кој не значи само тешка злоупотреба на граничниот премин, туку и своеволие, прекршување на законите и потенцијлно направени кривични дела кои допрва треба да се истражуваат. Безбедноста на границите ни е нарушена а граничната контрола целосно суспендирана и ставена под партиска команда на ВЛЕН и ДПМНЕ. Ова е недозволиво и опасно за државата членка на НАТО, потенцираат од СДСМ.

СДСМ бара целосно да се декласифицираат и да се објават снимките од граничниот премин Блаце за време на целиот ден за да се види кој се поминал без контрола но и да се види дали и други возила се пропуштаат на граничниот премин Блаце.

-Тоа ќе биде основа и за истражните органи да постапуваат. 2. Бараме Тошковски да си даде оставка. На тој начин ќе остави простор истражните органи, Јавното обвинителство, во транспрентна постапка и без притисок да ја утврди одговорноста на сите инволвирани во овој голем скандал. 3. ОЈО да отвори детлна истрага и овој скандал да има разрешница. Секој што го прекршил законот мора да одговара!, нагласија од СДСМ.

 

Претходна вестУтре да престане пимплањето на градоначалничката и советниците во Скопје
Следна вестЈаревски: Дали Ахмети лично стои зад бегството на Рамадани поради приватен бизнис интерес на ДУИ?