Сообраќајка во Карпош: „Веспа“ удри во три возила, возачот е повреден

Возач на мопед од Скопје е тешко повреден откако се судрил со „Пежо“, но удрил и во две паркирани возила на една скопска раскрсница.

Како што информираа од полицијата вчера во 13.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „Веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(48) и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(45) двајцата од Скопје, а мопедот удрил и во две паркирани возила.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестУапсен е осомничениот за масакрот на фестивал во Германија
Следна вестМицкоски: Сите што од голтари станаа милионери имаат интерес да ја дестабилизираат државава