Темен режим Режим на светлина

Мицкоски: Сите што од голтари станаа милионери имаат интерес да ја дестабилизираат државава

Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме се да ги заштитиме институциите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, на прашањето за тоа што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.

– За дестабилизацијата информациите се такви какви што се. Сите што од голтари станаа милионери и владееја со Македонија изминатите седум години, сите оние кои што дивееја по улиците и тука во главниот град град и ширум целата држава имаат интерес да ја дестабилизираат затоа што тие се највешти и најсилни кога има нестабилност. Но, ние како држава и како Влада ќе се бориме за стабилна држава и стабилни институции, затоа што демократијата подразбира стабилни институции и ние се ќе сториме да ги заштитиме институциите, рече Мицкоски по посетата на ЈП за државни патишта.

Премиерот дополни дека законот мора да важи секаде и за секого.

Тој претходно изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Сообраќајка во Карпош: „Веспа“ удри во три возила, возачот е повреден

Следна објава

За студентски оброк до 5 септември ќе може да аплицираат и бруцоши