Запалено возилото на екс полициски началник во Струга

Пријава за запален автомобил е добиена ноќеска во полициската станица во Струга.

-На 03.09.2024 во 01.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул. „Туристичка“ во Струга било опожарено паркирано патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на Д.А. од Струга. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Увид бил извршен, велат од МВР.

Според информациите, се работи за екс полицискиот началник на ОВР во Струга, Дритон Ајро, чиј брат е обвинителот Артан Ајро.

Претходна вестМалолетник тешко повреден во Ново Лисиче
Следна вестСе реконструира зелениот појас на десната страна на кејот на Вардар во Скопје