Приведено лице од битолско откако било затекнатo како пали оган во близина на фабрика за вода

На 04.09.2024 во 19.20 часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од с.Кременица, соопшти денеска МВР.

– Тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева, се наведува во соопштението.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вестДУИ: Албанците се понижуваат и омаловажуваат од слугите на ВМРО-ДПМНЕ
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Ја криел ли Филипче фирмата од Бугарија за да не се доведе во релација со Медикал420?