Запалени неколку возила во Кисела Вода

Неколку возила се изгорени во пожарот кој избувнал околу пет часот изутринава на паркингот во скопската општина Кисела Вода. Огнот, за кој се уште не е познато како избувнал, најмногу зафатил две возила, а оштетен е уште еден автомобил. Опожарувањето се случило на улицата „Христо Татарчев“ во населбата Расадник.

Екипи на противпожарната бригада веднаш пристигнаа на лице место и го изгасна пожарот.

Поради професионалноста и брзината на пожарникарите, беше спречено дополнително ширење на огнот и предизвикување на поголема штета.

Повеќе детали за пожарот се очекуваат во текот на денот.

Претходна вест„Левица“: Таравари да каже колку пари чинат новите советници кои претходно биле економски директори
Следна вестЦиклонот „Борис“ ја однесе првата жртва во Полска