Во текот на изминативе два дена полицијата апсеше за дрога на повеќе локации низ Скопје.
-На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.И.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Вчера, пак, 23.55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(25) од Ресен поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, соопшти полицијата.
На 14.09.2024 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.И.(20) од Скопје, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.