Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот…

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика. Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа, малопродажната цена изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,499 ден/килограм и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,827 ден/кг.

Претходна вестЦарина: Запленети 120.000 жилети, 5.111 детски играчки, 113 пара очила…
Следна вестИвановска: Сите административци би ги отпуштила од работа