Темен режим Режим на светлина

Ивановска: Сите административци би ги отпуштила од работа

Сите административци би ги отпуштила од работа, административци, изјави синоќа поранешната претседателка на државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Во емисијата „Програми 200“ на ТВ Алсат таа рече дека потоа би имало нов конкурс за прием.

-Да бев премиер, ја по автоматизам сите би ги отпуштила од работа, администрацијата. Администрацијата треба повторно да конкурира за истото работно место, и да дојдат странците да проценат дали се спосбни или не, рече таа.

Таа ја поддржува одлуката на Уставниот суд да отвори предмет за „балансерот“ и смета дека „балансерот“ е „погрешно толкување на Охридскиот договор“, а политизацијата е главната причина за вработувањата во администрацијата.

Поранешната антикорупционерка е против и законот што треба да го замени „балансерот“, бидејќи според неа тој нема да донеси ништо ново.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот...

Следна објава

ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците на СДСМ да го потпишат барањето за Законот за бранителите да се стави на дневен ред на собраниската Комисија