-Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување две диви депонии лоцирани на улицата Цветан Димов во општината Чаир, при што се подигнати 20 кубни метри претежно градежен и кабаст отпад.
ЈП Комунална хигиена-Скопје вчера расчисти и неколку обемни диви депонии во скопската општина Ѓорче Петров, лоцирани на главната улица, како и на улиците Лука Геров и Волковска. Во рамките на активностите во оваа скопска општина се отстранети 25 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад, информираат од ЈП Комунална хигиена – Скопје.