Приватните автобуски превозници бараат поскапување на услугите, соопшти денеска Градот Скопје.
До дописот до медиумите се наведува дека барањето било испратено до претседателот на Советот на Скопје Трајко Слевевски но не било ставено на дневен ред на седницата на Советот.
-Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ. Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес. Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех, соопшти Градот Скопје.