Малолетен сопатник на мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во Македонска Каменица

Мотициклист и неговиот малолетен сопатник се тешко повредени при судир со возило во Македонска Каменица.

-На 28.09.2024 во 22.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Македонска Каменица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(27) од Македонска Каменица и мотоцикл управуван од Л.Ф.(18) од село Луковица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и неговиот малолетен сопатник од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип, стои во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево.

Претходна вестИДФ го елиминира лидерот на Хамас во Либан
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече, будали