Николоски за автопатот Скопје – Тетово: Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската делница Скопје-Тетово.

Инвестицијата е вредна 9,1 милиони евра.

Тој на својот профил објави:

-Продолжуваме со засилено темпо на работа. Видео од реконструкцијата на автопатот Тетово – Скопје на делот пред Скопје, проект на Јавното претпријатие за државни патишта. Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење, објави министерот Николоски.

Претходна вестГеоргиевски освои сребрен медал на Г1 во Тирана
Следна вестТрагедија на Шар Планина, пронајдена планинарка без знаци на живот