Град Скопје: Трајко Славески или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води

Трајко Славески или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води, соопшти денеска Градот Скопје. Градската управа на чие што чело е градоначалничката Данела Арсовска реагираат откако претходно претседателот на Советот на Град Скопје одговори на барањата на приватните превозници и кажа дека разговори може да бидат иницирани само од градоначалничката Данела Арсовска.

-Имено, поврзано со барањата за измени на условите за приватните превозници вклучително и цената за овој превоз ги утврдува Советот на град Скопје, оттука јасно е дека барањето на приватните превозници е упатено на вистинска адреса до претседателот на Советот на град Скопје и до советниците, велат од град Скопје.

Во соопштението се додава дека до овој момент, Градоначалникот има доставено свое мислење во врска со барањето на приватните превозници.

-Свое мислење има доставено и Управниот одбор на ЈСП до претседателот на Советот Трајко Славевски. Време е Трајко Славевски да го научи Деловникот и да превземе одговорност за блокирањето на работата на Град Скопје, се потенцира во соопштението.

Претходна вестЈа истепал сопругата, па и се заканил со оружје
Следна вестПродолжува периодот на стабилно и сончево време со студени утра