Стартува телефонската линија за одвикнување од пушење

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот на телефонскиот број 078 285 873.

Ваквиот чекор дојде по истражувањата во изминатите години, кои покажаа дека употребата на тутун во Македонија е многу висока. Процентуалната застапеност на населението што употребува тутун ја става земјата меѓу оние во светот со најголеми стапки на активни пушачи. Според истражувања на ИЈЗ, бројот на активни пушачи во земјата изнесува 45,4 отсто, а само пет проценти успеале да се откажат од цигарите последниве години.

Активен пушач во просек консумира до 18 цигари дневно, додека најголемиот дел консумираат по дваесетина цигари, односно една кутија дневно.

Претходна вестСе забелее Водно
Следна вест49. издание на МОТ од 15 до 21 ноември во Скопје