Мицкоски: Не го знам името на нашиот иден кандидат за градоначалник на Скопје но го знам карактерот на личноста која ќе ја избереме

Не го знам името на нашиот иден кандидат за градоначалник на Скопје, затоа што тоа е прерано, но го знам карактерот на личноста која ќе ја избереме, порача синоќа македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој се обрати на одбележувањето на 80 – годишнината од ослободувањето на Скопје, на настан во организација на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, насловен како „Скопје се буди“.

Мицкоски, признавајќи ја како грешка поддршката што и ја даде на актуелната градоначалничка Данела Арсовска при нејзиниот избор на функцијата, рече дека не се обидува да се амнестира и оти е свесен „колку таа ме чинеше и колку политички куршуми примив и колку ме разочара лично и ги разочара скопјани“.

-Очигледно оваа лекција е научена и сега знам дека на Скопје му треба човек кој ќе обединува и кој има визија. Кој ќе има емпатија и ќе пулсира со градот. Кој ќе умее да ја негува душата на градот и ќе решава проблеми. Не го знам името на нашиот иден кандидат за градоначалник на Скопје, затоа што тоа е прерано, но го знам карактерот на личноста која ќе ја избереме. На Скопје не му требаат експерименти туку докажани луѓе и Скопје е уморно од големи приказни кои најчесно завршуваат како големи разочарувања, рече тој.

Тој потврди дека идниот градоначалник на Скопје ќе биде човек што докажал дека умее да работи, а не кадар „кој ќе го пробуваме допрва дали ќе му тргне“.

 

Претходна вестСкопска игранка во Лабораториум по повод ослободувањето на Скопје
Следна вестМакедонскиот научник Марјан Комненов пронајде досега непознат вид пајак во БиХ