Изгаснат пожарот на Беласица, гореле околу 20 хектари шума

Пожарот кој избувна во подножјето на планината Беласица на 10 ноември, меѓу селата Смоларе и Мокрино, е изгаснат, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Шумскиот пожар е ликвидиран, а беше зафатена површина од околу 20 хектари најразновидна шума. На терен беа 7 вработени и 2 теренски возила од ЈП „Национални шуми“, ПШС „Беласица-Струмица“, се наведува во информацијата од ЦУК.

Завчера дојде до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, но со брза интервенција не беше дозволено пожарот да се прошири.

Инаку, вчера и покрај влажното и студено време струмичките пожарникари интервенирале на пожар на отворено на запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово, Општина Босилово.

Претходна вестВо Македонска пошта директорите незаконски си зголемувале плати и до 58 отсто
Следна вестВ недела меѓународната ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“