Студентите во „Пелагонија“ немаат топла вода, лифтови, хигиена…, Јаневска вели дека проблемите ќе се надминат

Решавање на проблемите во студентскиот дом „Пелагонија“ во скопската општина Кисела Вода, најави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Овој студентски дом има сериозни инфраструктурни и хигиенски проблеми, кои значително ги нарушуваат условите за живот на студентите. Поради недостигот на топла вода, нефункционалните лифтови, лошата хигиена и нискоквалитетната храна, студентите се жалат дека животот во домот е под секое ниво.

Министерката Јаневска денеска најави рашавање на проблемот до крајот на оваа недела.

-Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работат – вели Јаневска

Таа додаде дека ќе се постави и нов директор.

-Значи слушам различни шпекулации. Директорот на Студентскиот дом не си ја извршува својата функција и затоа ќе мора да преземеме чекори, во најблиска иднина побараме и поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работат, вели Јаневска.

Минатата недела студентите со писмо до јавнпста алармираа дека немаат топла вода во ноември, кога температурите се спуштаат и под нула.

-На студентските маки им нема крај. Во „Пелагонија“ во женската зграда во ноември немаме топла вода. Не знам за што плаќаме, кој е студентскиот стандард да живееме како глувци?, И лифтовите не работат, а храната е под секое ниво. Често чекаме да се ослободат лифтовите и понекогаш и тоа не е можно. Проблемите се влошуваат со секој изминат ден, велат студентите кои престојуваат во домот.

Тие истакнуваат дека ваквите услови не влијаат само на нивниот академски успех, туку и на нивната психолошка стабилност.

– Се чувствуваме заборавени и занемарени. Тоа не е само проблем за нас, туку и за нашето здравје и учење, додаваат тие.

Претходна вестПриведен албански државјанин, шверцувал монети со археолошка вредност
Следна вестВработените во „Улици и патишта“ најавија штрајк – ќе ја донесат цела механизација пред Град Скопје!