Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со кој што беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „Сеат алтеа“, со којшто вчеравечер беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина на лице место.

-Денеска во 18:43 часот во СВР Скопје пријавена е дека на булевар Христијан Тодоровски Карпош во Скопје патничко возило “Сеат алтеа” со скопски регистерски таблички, управувано од А.Џ. (19) од Скопје удрило во женско лице, кое починало на местото на настанот, соопшти МВР.

Според информациите од МВР, девојката што возела со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Градската болница.

Засега не се знае под кои околности била предизвикана несреќата и идентитетот на жената.

Претходна вестАвтобусите на ЈСП од денеска ќе возат редовно
Следна вестБез струја делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода