Вечерва се отвора изложба „Светлината на верата“ на Тања Јовчевска во Домот на културата „Кочо Рацин“

Изложба насловена како ,,Светлината на верата” на Тања Јовчевска од Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена во Дом на културата „Кочо Рацин“ Скопје.

Јовчевска се претставува со бројни дела поврзани со религиозна и духовна тематика настанати во изминативе години.

Таа е родена во 1978 година, а Факултетот за ликовни уметности на УКИМ го има завршено во 2004 година во класа на професорот Васил Василев.

Од 2018 година активно работи и се занимава со усовршување и прилагодувањето на уметничкиот израз на слики во филигран срма.

-Изложбата „Светлина на верата“ ја истражува врската помеѓу традиционалната и современата македонска култура преку техниката на филигран срма. Спојувајќи ја верата, традицијата и религијата, а воедно задржувајќи го духот на Византискиот уметнички стил ги прикажува убавините на нашата земја. Делата како вечен споменик на иконите, верските симболи и историските градби немо говорат за богатството со кое изобилува нашето поднебје и темелот на македонската култура. Предизвикувајќи времеплов од минатото кон сегашноста оваа изложба со современите интерпретации создава вистинско поврзување на душата на РС Македонија, нејзината култура и религиска врска преку вештината и големината на уметноста, се наведува во освртот на нејзиното творештво по повод на изложбата.

Јовчевска е родена во 1978 година, а Факултетот за ликовни уметности на УКИМ го има завршено во 2004 година во класа на професорот Васил Василев.

Претходна вестИвана Трајкоска нова директорка на „Улици и патишта“
Следна вестМакедонските државјани во Кина ќе патуваат без визи