Тројца скопјани искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетно дете

На 27.11.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, М.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Скоевска“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, соопшти денеска МВР.

Истиот ден во 10.50 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ј.(63) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.

-Во 10.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.М.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник, соопштува полицијата.

Претходна вестСкопјанец прегазил 22-годишна гевгеличанка на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“
Следна вестСобранието чека гаранции од ЕУ за уставни измени