Поранешниот вицепремиер Артан Груби се огласи на социјалните мрежи откако вечерва се најде на црната листа на САД.
-Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот. Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.
Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање. Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција, пишува Груби.