Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно со температури до 13 степени

Променливо облачно со локални врнежи од дожд Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно време во претпладневните часови со појава на магла и ниска облачност по котлините, најавува УХМР за денеска. Главно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 13 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 3 до максимални 11 степени.

Слично време нè очекува и во следните неколку дена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Груби останува под 24-часовен надзор, истрагата продолжува

Груби: Посветено работев за членство во ЕУ и НАТО, одлуката на Стејт департментот ме засега директно и лично

Следна објава

Попладнево ќе се протестира во Скопје за чист воздух