Во текот на вчерашниот ден во полиција во Скопје се регистрирани четири инциденти со малолетници, како и случаи на врсничко насилство.
Во Карпош малолетник со тврди предмети нападнал полицаец кој извршувал службена дејност, додека во Драчево имало физички напад врз малолетник. Жена од Скопје пријавила дека овој и минатиот месец нејзиниот малолетен син, додека се возел во автобус, бил вербално малтретиран од иста група од четворица малолетници.
Во скопското село Зелениково, општина Зелениково, малолетник бил нападнат од друго лице. МВР преземаа мерки за расчистување на сите случаи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




