Филипче и СДС за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет. Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно наштетува на македонските позиции и црвени линии, реагира пратеникот Бране Петрушевски на изјавите на опозициската СДСМ.
Петрушевски нагласува дека „Филипче и СДС немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од Бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански да се пишат дека се Бугари, само да дојдат на власт и да крадат“.
Пратеникот од владејачката партија обвини дека опозицијата 35 години шири лаги дека со промена на знамето, на името, па сега со уставните промени државата ќе влезе во ЕУ, наспроти ВМРО-ДПМНЕ која води државна достоинствена политика, базирана на дела, резултати и реформи.




