По обвинителката Вилма Рускоска која минатиот вторник го кажа својот завршен збор во судскиот процес “Рекет“ денеска тоа треба да го сторат и првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка.
На последното рочиште обвинителката Вилма Рускоска кажа дека Обвинителството докажало дека обвинетите Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева ги сториле кривичните дела за кои се обвинети. Во случајот Јовановски е обвинет за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања. Според обвинителството, Јовановски влијаел кај Јанева за да му се олесни кривичната положба и да му се укине притворот на Камчев, а за тоа Јанева добила 50.000 евра и недвижнина.
Во својата одбрана на неодманешното рочиште Боки – 13 тој го отфрли одби обвинението и изјави дека со Катица Јанева никогаш не зборува за судскиот предмет „Империја“.
-Сум разговарал со Катица Јанева за многу работи, за љубовни проблеми зборував со неа. Со Јанева имав пријателски однос затоа што таа беше непосредна жена. За конкретен предмет односно Империја не сум разговарал со неа. Јас ја запознав во септември, а тој предмет се водел една година претходно. Овој предмет е направен за спас на Јордан Камчев и за рушење на СЈО, како и за уривање на 1ТВ, рече Јовановски.
Јанева, пак, пред судот неодамна рече дека случајот „Рекет“ е монтиран само врз база на исказ на бизнисменот Орце Камчев, со цел да се растури СЈО и тој да се спаси од обвинение.
-Не сум виновна, случајот „Рекет“ е монтиран за да биде уништено СЈО, се колнам дека не сум зела пари од никого за да ја олеснам положбата на осомничениот Орце Камчев, изјави таа барајќи да биде ослободена.
Останува да се види дали во завршните зборови тие ќе кажат многу повеќе за аферата-криминалот и кој се од политичарите е вклучен во неа.