Шест пожари се регистрирани само во скопско за последниве 12 дена. Тоа во просек значи дека секој втор ден нешто негде гори. Станува збор или за автомобили, но и за домови и бизнис простории. Која е причината за ваквата зачестеност и дали црните биланси се расчистуваат?
Последно, вчера, во скопско Дебар маало, на улица „29 Ноември“ се запали магацински простор од зграда. Противпожарните возила и екипи се бореа да спречат огнените јазици да се прошират кон становите.
Претходен ден гореше автомобил „Ауди А8“ на улицата „Ресенска“ во сопственост на 35-годишниот скопјанец С.Р. Но и 24 часа пред тоа, на улицата „Трпе Петревски“ изгоре „Фиат пунто“ во сопственост на Г.Т., 37- годишен. Но не изгоре само Фиатот, пожарот се проширил и на паркирано патничко возило „Тојота аурис“.
Неколку дена пред тоа, на 28 мај, дел од медиумите објавија видеа од голем пожар во близина на поранешна телевизија А1, на улицата „Перо Наков“. Пожарот, за среќа, предизвика голем и црн облак, но повредени и жртви немаше.
На 26 мај беше пријавено дека на улица „Зендел Џемаил“ настанал пожар во куќа, во сопственот на Б.Г.(37) од Скопје.
Во пожарот изгорела и штала во која имало еден коњ.
На 23 мај пак, непознат маскиран сторител со бензин го полеал и подметнал пожар на угостителскиот објект „Опера бар“ кој се наоѓа во склоп на објектот на Националната опера и балет. Подметнувањето се виде од безбедносните камери на објектот, а належните рекоа истражувале кој го подметнал и која е позадината.
Да се надеваме дека надлежните ќе се потрудат да нема и понатаму вакви долги набројувања на пожари во Скопје.