Денеска се отвора „Потиснат потенцијал“: првата самостојна изложба на Душко Стефановски

Денеска, со почеток на 20 часот се отвора првата самостојна изложба на Душко Стефановски, во Младинскиот културен центар.

-И додека во светски рамки уличната и графити-уметноста, која ги бележи своите почетоци уште во шеесеттите години на минатиот век, кога ќе се појават првите знаковни форми и кратки натписи, кои ќе ја ‘бомбардираат’ подземната железница во Њујорк и која одамна започна да добива не само јавна декларативна, туку и финансиска, институционална поддршка, во наши рамки, нејзината афирмација како посебна уметничка појава со своја уникатна содржина и форма и со посебен облик на естетика, започна од неодамна. Стефановски во неговата прва самостојна изложба, која не случајно го носи насловот ‘Потиснат потенцијал’, упатува токму на потиснатиот потенцијал на овие уметнички форми и практики, со интенција да укаже на можноста за алтернатива во галерискиот простор, но истовремено и обратно, да ја доближи урбаната ‘street-art’ сцена до едно институционално рамниште, вели историчарката на уметност Ангела Витановска кон изложбата на младиот визуелен уметник од Скопје.

Претходна вестШест пожари за 12 дена само во скопско, кој пали и зошто?
Следна вестИм се здосадило на сообраќајните знаци па прилегнале исто како и службите