И вчера значително голем број на граѓани добиле решанија за изолација и потпишале изјави за самоизолација – вкупно 542 лица. МВР соопшти дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 392 лица им се издадени решенија на изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација.
Завчера бројот на изолираните и самоизолираните лица во Македонија изнесуваше 399. Сето ова се надоврзува на значително зголемениот број на заболени во корона вирусот во изминативе денови.
-Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки, се наведува во соопштението.
Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 5.763 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 475 прекршоци во изминатото деноноќие. Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 694 контроли во објекти при што евидентирани се 5 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.