Во текот на викендов ќе биде зголемен бројот на припадниците на министерството за внатрешни работи на терен, особено во градовите туристички дестинации во земјата, соопшти Владата.
Според информациите од МВР, вчера биле поднесени 114 кривични пријави кои се однесуваат на дела со кои се овозможува пренесување заразна болест. Истовремено поднесени се 451 прекршочна пријава за неносење на маски заради спречување на ширењето на корона вирусот.
Владата ги задолжи полицијата и инспекциските служби да продолжат со засилени контроли и да ги санкционираат сите прекршувања на мерките за спречување на ширењето корона вирусот и за заштита на здравјето на граѓаните во Македонија од КОВИД-19.