Шестгодишно дете загина по пад од трактор во Делчево

Загина шестгодишно детенце во Делчево. Пад од трактор бил фатален за детето вчера во делчевската населба Таушанско поле, информира полицијата.

Трагедијата се случила кога околу 14 часот детето паднало од трактор со кој управувал неговиот тетин.

Екипа на Итната медицинска помош интервенирала при што од страна на дежурниот лекар бил констатиран силен потрес на мозокот на детето кое било во кома. Тоа веднаш било префрлено во кочанската болница, но детето починало пред пристигнувањето на болницата, информираа од делчевскиот Здравствен дом.

Претходна вестЗголемен е бројот на полицајци во туристичките центри
Следна вестДефектот од недовршените работи