Дефектот од недовршените работи 

Се почнува засилено, ама и не се довршува започнатата работа. Тоа е честа одлика на македонските граѓани и институции.
Примери за тоа колку сакаш. Сега е видлив дури и низ примерот на борбата со корона кризата. Но, ајде, за тоа не уверуваат дека ќе се поправи, но што е со поситните работи кои се насекаде низ Скопје.
Еве и со фотографија покажуваме за едно такво започнување и недовршување на работата во Аеродром. Имало некаков дефект на водовод или канализација, го поправиле, дупката ја призатрупале, но патеката…
Со месеци ли ова ќе си стои така? Или можеби општината смета дека повторно ќе има дефект, па зошто да поправаат, кога пак ќе мора да се копа?
Претходна вестШестгодишно дете загина по пад од трактор во Делчево
Следна вестСе изврши дезинфекција на Кејот, ќе се прави ли тоа почесто со контејнерите?