Дали грчката граница останува затворена за Mакедонците и по 15 јуни?

Не е искучена можноста македонските државјани да не можат да влезат во Грција по 15 јуни како што тоа до сега беше најавувано. Ова произлегува од вчерашната изјава на грчкиот министер Јоргос Герапетрис во неговот интервју за грчкото Радио Солун.

Тој на прашањето во врска со зголемениот број случаи на коронавирус во Македонија изјави дека “навистина имаме отежнувачки индикатори“.

-Би сакал да потсетам дека додека разговараме не е дозволено поврзување со Северна Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно ако состојбата продолжи да се влошува ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај, потенцира овој министер.

Претходна вестШилегов и од Маврово цело време на Скопје мисли
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов од одмор во Маврово распиша нов оглас за партиски вработувања